Во недела (4 октомври). Ексклузивна дружба со Тони Цетински во Intermezzo Music Bar

По гостувањата на неповторливите Петар Грашо и девојките од составот Фрајле, на 4 октомври (недела) на сцената на единствениот музички бар во земјава ќе застане човекот кој ја отпеа незаборавната „Лагала нас мала“ со нашиот Тоше; човекот чиј глас разоружува, а теми ги разнежнуваат и најтврдите срца; Во недела гостува Тони Цетински.
Публиката во Скопје, односно во Intermezzo Music Bar ќе има ретка можност да ги чие „Опет си побједила“, „Од милијун жена“, „23 просинац“, „Кад жена заволи“, „Нека те одведе“…
Во една прилика Цетински рече: ’На моите поранешни жени им посветувам песни’, но овој пат ветува дека целосно ќе ѝ се посвети на скопската публика, затоа што се радува на својот прв настап во земјава откако завладеа корона кризата.
„Среќен сум што доаѓам во Скопје, навистина едвај чекам да се дружам со мојата омилена публика. Затоа не се сомневајте дека ќе имаме уште една незаборавна дружба“, вели Тони во пресрет на гостувањето во недела.
За публиката уверување дека се ќе биде перфектно не стигнува само од Тони, туку и од тимот на музичкиот бар од каде уверуваат дека и овој пат сè ќе биде организирано според протоколите и одредбите пропишани од МЗ. Влезниците се пуштени во ограничен број и по цена од 1200 денари.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!