Во сабота: Часови за готвење слоу фуд продолжуваат со – протеински растенија

Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со здружението „Слоу фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“ продолжува со нова тура часови за готвење со инструктори-професионални готвачи.
Серија „Часови за готвење слоу фуд“ продолжува на 23. 02.2019 (сабота) во 15:00 часот со „Протеински растенија“.
Со помош на инструкциите на шеф Зоран Мајновски ќе се готви:
– хумус од наут со брускети од домат и босилок
– ќофте од леќа во сос од морков
– бисквит од бадем со мус од лешник и слатко од капини.
На сите часови учениците-готвачи од СУГС „Лазар Танев“ ќе имаат улога на ваши асистенти и ќе бидат тука во секој момент за поддршка и помош. На часот можат да присуствуваат максимум 10 учесници а цената е 1200 денари.
Со секој купен ваучер учесниците добиваат намирници потребни за подготовка на јадењата, час од 90 минути исполнет со дружење и забава, инструкции од искусни гастро-шефови, помош од учениците-готвачи и секако, можност да го споделат или понесат со себе јадењето кое самите го приготвиле.
Информации на 077/855 832 или 070/537 384.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени