6.8 C
Skopje
четврток, март 6, 2025
spot_img

Во сабота (29 октомври) во Limak Skopje Luxury Hotel: Slow Food салон 2022 го слави идентитетот на храната

Доколку ги сакате старо-новите вкусови, традицијата огрната со велот на модерното, ако сте хедонист, не ги броите калориите, притоа им се насладувате на нашите, македонски вкусови а храната ја сметате за желба, култура и идентитет, не го пропуштајте настанот што го најавува Слоу Фуд Македонија.

Оваа сабота (29 октомври) од 12 до 20 часот, во Limak Skopje Luxury Hotel ќе се случува второто издание на Slow Food салон 2022, што го има слоганот „Храната е идентитет“.
Над 50 изложувачи од целата Македонија ќе ги презентираат своите гурмански адути: сирење, кашкавал, па, џемови, мармалади, слатка, домашни сокови, зимници во сиот свој раскош, тартуфи, мед, намази и масла, сувомеснати производи, вина, пива, ракии…, „homemade“ чоколади, традиционални гурманлуци и деликатеси.., се со цел да се потсетиме на потеклото, поврзаноста и мултифункционалноста на храната.

Производителите, чуварите на биодиверзитетот (Мирјана Ангелеска, Александра Лозановска, Валентина Митрова, Марјан Костадиновски, Страшо Милошевски, Давид Неделковски, Пеце Клечкароски, Дамјан Гавриловски, Саша Стојчевски, Јорде Јованов, Димитар Јовчевски, Акин Сезер, Сања Бачевски, Тошев Ѓорги, Моника Ефтимовска, Изабела Гвероска, Горан Талески, Васил Петрушевски, Весна Деловска, Мишела Переска, Венера Глебешева Крстиќ, Лазар Плетварски,Тони Ѓоргиевски, Филип Кажаловски, Александар Петров, Орданчо Иванов, Ивица Златковиќ, Марјан Коцев, Сидери Количев, Блашко Параџик, Петре Пешов, Ѓоре Захарчев, Ивица Златковиќ), ќе понудат добра енергија и уште подобра храна и пијалоци што ќе ги препознаете по „изворниот“ мирис и вкус.

Најцитираната реченица за биодиверзитетот дека тој „не е eкспонат во музејот или заштитен природен резерват туку примарна гаранција за животот, здравјето и безбедноста на нашата храната“ од Карло Петрини, основачот на Слоу Фуд, на вистински начин ќе ви го сврти вниманието кон биолошката разновидност на нашата земја.


Од првиот Слоу Фуд салон што се одржа во 2019 година

„Поради нашата иднина вниманието е насочено кон производителите, консументите, носителите на одлуки за важноста на локалната храна во нашето општество – вели Николче Николовски, претседател на Национален одбор на Слоу Фуд Македонија. „Освен тоа, традицијата, знаењето и вештините пренесувани од генерација на генерација денес ни ги овозможуваат најдобрите вкусови на трпезата. Нашата традиционална храна е дел од нашиот идентитет, исто како и јазикот, музиката, обичаите.“

Да го славиме идентитетот на нашата храна! Се гледаме во сабота, на второто издание на Slow Food салон 2022. Шестиот кат од Limak Skopje Luxury Hotel е подготвен да ги угости сите посетители и хедонисти.

Вања Тодоровска
Фото: Верче Стефановска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена