Во среда. Фрајле доаѓаат на уникатна дружба со македонската публика

На 23 септември, среда, во Intermezzo Music Bar доаѓаат девојките кои пеат песни од Тоше, имаат дует со Тијана, освоија награда на минатогодишниот Макфест – популарниот женски бенд од соседството – Фрајле.
„Се радуваме на дружбата со македонската публика. Од Македонија носиме преубави спомени и среќни сме што конечно после оваа долга, принудна пауза заедно ќе пееме и свириме убава музика“, велат девојките со волшебни вокали.
Наташа Михајловиќ, Јелена Мирковиќ и Невена и Марија Буча всушност го сочинуваат составот – акустичен бенд кој постои повеќе од една деценија. Уникатни се по својот изглед, начинот на кој музицираат, но и по самото име кое всушност го означува војводинското поднебје од кое доаѓаат.
Освен веќе добро познатите хитови, како и омилените македонски песни девојките пред скопската публика премиерно ќе ја изведат и најновата композиција „Воли ме годинама“. Одлична летна песна (со потписот на една од Фрајлите – Марија Мирковиќ и Алка Вуица), проследена со романтично видео кое раскажува носталгична, хипнотизирачка приказна во која вреди да се загубиш.
Песна совршена за топла ноќ и небо полно со ѕвезди, а токму такво ќе има во среда. Затоа бидете дел од уште една незаборавна вечер, од уште една испишана приказна на страниците на единствениот музички бар кај нас од каде уште еднаш потсетуваат: „Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ.”
Влезниците за настапот на Фрајле се продаваат исклучиво во претпродажба, а заради почитување на протоколите се во ограничен број.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!