10.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Во среда, 17 ноември. Влатко Стефановски трио во „Интермецо мјузик бар“

Во среда, 17.11.2021, неповторливиот автор и гитарист ќе биде придружуван од својот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара.
Влатко Стефановски како еден од најголемите виртуози на овие простори е препознатлив по својот посебен стил на комбинирање на традиционалните и рок звуците. Концертот ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци, како и голем дел од неговото богато авторско творештво.

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а местата се ограничени, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место. Настанот ќе биде спроведен со примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од Ковид-19.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена