„Гастромак“, веќе добро позната и етаблирана Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, како членка на „ВАКС“, светската федерација на готвачи, учествуваше на натпреварот „Гастро Алб 5“ што од 4-6 март се случуваше во Тирана, Албанија. И како што секогаш се случува, се врати со награди, што потврдува колку има вредни и талентирани готвачи.
Ова е особено важно бидејќи на спомнатиот интернационационален натпревар беа присутни звучни имиња од целиот свет, судии кои го оценуваа натпреварот: Доменико Маџи, Љубица Комљениќ, Џанлука Томази, Алан Пајен, Вуко Митровиќ, Стево Карапанџа, Бесим Латифи, Жељко Невен Бремец, Џорџ Дамјан, Емрах Коксал, Андреа Базилико, Лука Џиоело, Саркис и многу други…
Подмладокот на „Гастромак“ ги освои следните награди: во категорија- пица, златен медал и припадна на Милка Атанасова, сребрен медал го освои Семија Демова, (во категорија модерна кујна), за бронзен медал се избори Chef Анита Самарџиска, а во категорија – подготовка на кафе за баристи, благодарница му припадна на надежниот Никола Галев.
Освен убавите вести за младите сили, и сениорите на „Гастромак“ беа на висина на задача. Имено, Бесим Латифи, судијата на ВАКС и сопственик на Њу Албис и Дела Нона беше претставник и дел од светското гастрономското жири на петтиот гастро фестивал во Тирана. Бесим е познат како голем професионалец, но и омилен лик кој рамнопрамно, рамо до рамо со познатите светски судии ги оценуваше натпреварувачите.
Инаку, ова петто издание на „Гастро Алб 5“, се случуваше под покровителство на ВАКС а го организираше Шум Албанија, асоцијација на шефови на Албанија.
Коментарите се затворени