3.8 C
Skopje
четврток, март 6, 2025
spot_img

Гастромак 2022: Гастрономските асови со предавања и мастер класови низ Македонија

Шестото издание на „Гастромак“, по пауза предизвикана со пандемијата, во скусена верзија а со сестрана подршка на Кожувчанка, годинава има за цел да го унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи преку предавањата и мастер класови на најпознатите шефови од екс-ју: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ и Вуко Митровиќ.
Предавањата и презентациите започнаа во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ во кои најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни посочија колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет.


Добредојде од директорката на училиштето Јованка Шалева


Со голем интерес средношколците од „Коле Нехтенин“ ги следеа излагањата на најреномираните шефови од овие простори


Стево Карапанџа сликовито ја раскажа својата професионална биографија посебно задржувајќи се на готвачкото шоу „Малите тајни на големите мајстори“

Следната средба со ученците е со средношколците од „Наум Наумовски Борче“ во Крушево а во градот на Тоше познатите шефови ќе посетат работилници за локум, целувки и надалеку прочуени крушевски колбаси.
Агендата „Гастромак 2022“ понатаму има за цел да ги посети винариите Попова кула, каде шефовите од прочуениот Вранец ќе приготвуваат сос за бифтек а во план е и запознавањето со винаријата Вила Марија.
Главните настани ќе се случуваат во кавадаречкиот ресторанот „Моклиште“: се планира викендот да помине во знак на „Фиш фестивал“ кога ќе се прави чорба и разни специјалитети од прочуениот тиквешки сом.
Ќе се посетат и винариите Попов и Клинчаров, гостите ќе имаат прием кај градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Со цел што повеќе да се крене гастрономијата во овој вински град, на презентациите во „Моклиште“, под „готвачката палка“ на Карапанџа, Бремец, Легат, Лукин, Возељ и Митровиќ, ќе присуствуваат шефовите и готвачите од сите кавадаречки ресторани.
Генерален покровител на настанот е Кожувчанка и хотел- ресторан „Моклиште“ во Кавадарци. Потоа, хотел Аустриан Палас од Скопје, винарија Камник, ресторан Скар- Крушево, Општина Крушево, Средно угостителско училиште „Наум Наумовски Борче“, и Винариите „Попова Кула“ и „Квин Марија“.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена