0.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Горан Шарац, уметничкиот директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“: Ова е нашиот мал „Еуросонг“


„Охридскиот фестивал во самиот концепт со својата Интернационална вечер е единствениот фестивал на овие простори што сеуште гради регионални мостови во музиката, за која знаеме дека нема граници, е размислувањето на Горан Шарац, уметнички директор на Интернационалната вечер на „Охрид фест“.
-И не само тоа: на фестивалот можеме да ги слушнеме различните јазици на кои пеат изведувачите од Балканот.“

Инаку, на 28-то издание на „Охрид фест“ ќе настапат музичарите со завиден музички багаж: од Србија доаѓаат Марко Кон и Срѓан Марјановиќ од Хрватска Владо Калембери Теди Грубица, потоа, Црна Гора ја претставуваат Славко Кнезовиќ и Јована Мустур Ражњатовиќ, а Божидар Волф и дуетот Инес Ербус- Давид Амаро се гостите од Словенија.

Патем, како што веќе известивме а неодамна излезе и во весникот Слободна Далмација, остварената соработка со фестивалот во Шибеник, Фестивалот на шансоната резултираше со тоа што победникот ќе го видиме и чуеме во Охрид.

На сцената на Долни Сарај ќе настапи и Лиа од Бугарија, од Грција ни доаѓа Толис Дамјанос, додека Рина Рамадани е претставничка на Албанија.
Покрај гостите од странство на Интернационалната вечер ќе настапат и нашите изведувачи- групата „Интервали“, Александар Јосифовски, Филип Јордановски, Лена, Мелани, Слободанка Танева, Барбара Ракичевиќ и Малинова.

-Всушност, Интернационалната вечер е нашиот „Еуросонг“, продолжува Шарац. – Песните што ќе ги чуеме на фестивалот го носат печатот и звукот на времето во кое живееме, а секако го опишуваат и просторот од каде доаѓаат музичарите. Секој артист се представува со песна која го презентира неговиот музички карактер, така што не очекува квалитетна музичка средба- не информираше Горан Шарац.
Подгответе се за добра музика што не очекува на „Охрид- фест“ и не заборавајте – на 10 и 11 септември сите патишта водат за Охрид.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена