Гурманлаци и крканлаци: Од 29 април „Кујната на Марио“на официјалните канали на „Преспав“ и профилите kujnatanamario

„Кујната на Марио“ е офф-проект на ПРЕСПАВ и ОХО Продукција, чија што
главна цел е да го „отвори“ пансионот кон јавноста, како дополнување на вообичаеното сезонско присуство и да создаде знаење за ликовите, нивните карактеристики и личен развој надвор од досега познатите сатиричните и комични ситуации во „Преспав“.
Ова е прв, од низа проекти на презентација на ликовите на ваков начин. Фановите на „Преспав“ ќе имаат можност да ги видат своите омилени ликови во досега невидено издание, каде секој е на своја територија и блеснува во своите бои.

Меѓу првите работи што ги научивме за Марио од „Преспав“ е дека не
знае да готви и речиси секогаш успева да се извади од незгодни ситуации, нарачувајќи готова храна од ресенските ресторани. Но, исто така, во текот на 5-те сезони видовме и дека доколку околностите дозволуваат, Марио знае да ги искористи во своја полза, сака да учи и да расне и не се плаши да го покаже своето знаење колку и да е тоа „оскудно“.
Кујната на Марио е олицетворение на тие негови особини. Всушност, тоа е Марио, кој одлучува процесот на изучување на кулинарството да го сними на видео, спојувајќи ги своите забавувачки способности со кариерната надградба. Во кујната на пансионот, Марио заедно со неговите гости, популарните ликови од „Преспав“ подготвуваат 10 рецепти, кои ќе бидат инспирација за сите оние кои се пронаоѓаат во кујната и сакаат да ги откријат тајните на готвењето.
Почнувајќи од 29. април „Кујната на Марио“ ќе објавува по една епизода неделно на Јутјуб каналот на „Преспав“, а сите новости во врска со овој проект ќе можат да се следат на официјалните канали на „Преспав“ и профилите kujnatanamario.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!