Даворин Боговиќ од „Прљаво Казалиште“ со својот црно бел свет на 17 август во Битола

Сцена продукција годинава со концерт ќе го одбележи својот втор роденден. Првиот вокал и еден од основачите на еден од најпопуларните поп-рок состави во поранешна Југославија, хрватското „Прљаво Казалиште“ за прв пат ќе одржи концерт во Македонија и тоа ексклузивно во Битола.
Даворин Боговиќ екс „Прљаво Казалиште“ на 17-ти август во Битола, на Ракометно игралиште, ќе го донесе својот црно-бел свет.
Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста во осумдесетите и деведесетите години на минатиот век. На задоволство на сите бендот ќе ги отпее хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „Ми плешемо“, „Црно бијели свет“, „Све је лако кад си млад“ и десетици други песни кои ги знаат неколку генерации од овие простори.
„На 17-ти август конечно ќе имам концерт во Битола. Претходно бев со театарска претстава но ова е она вистинското. Ви ветувам добра свирка и забава. Се радувам на скорото доаѓање! Дојдете да се дружиме во што поголем број“ – вели Даворин пред концертот во Битола.
Атмосферата ќе ја загрева метал сензацијата од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, една од најдобрите македонски метал групи ФАЏ (FUDGE), кои повторно се враќаат на сцената со концертни настапи.

По повод роденденот на Сцена продукција влезниците до 5-ти август беа по цена од 200 денари. Oд 6-ти Август до денот на концертот цената ќе биде 500 денари. На денот на концертот истите ќе се продаваат по цена од 700 денари .

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!