Италијанскиот моден двоец Долче и Габана, ја објавија својата најнова модна кампања каде што се појавува и нашето модно светско чудо Ивана Манас. Кампањата беше инспирирана од фолклорот и естетските визии на Сицилија. Прекрасната кампања ја изработи маестралниот фотограф Јурген Телер за сезоната есен/зима 2021. Откако се појави на нивната ревија во Февруари, тимот на D&G воодушевени од, како што велат- андрогениот изглед, на нашата Ивана беа решени да ја ангажираат за новата кампања.
Ивана Манас последниве 3 месеци е константно во Милано каде работеше на голем број нови кампањи кои допрва ќе слушнеме, вели нејзиниот матичен агент Алек Наумовски од Моделс Ин Менаџмент.