Дојдете на Фестивалот на диви смокви во Богданци. Вкусете го најубавото домашно слатко

Оваа недела (14 мај), точно напладне, во 12 часот, во градскиот парк во Богданци ќе се случува Фестивалот на диви смокви во организација на Slow Food Еко Росалес. Дојдете и вкусете го најдоброто слатко од диви смокви, дојдете да ги чуете приказните на малите производители, да се дружите.
Инаку, слатко од диви смокви е прв президиум на Слоу Фуд Македонија кој се промовира низ маркетите и саемите за здравa храна во Италија, Франција, Швајцарија, Бугарија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Романија…
Фестивалот што ги слави смоквите во своите активности на сите посетители им најавува интересен предизвик, да се види целиот процес на варење, дегустација , разменување на рецепти, искуства и посета на многубројни штандови на производителите на Слоу Фуд Македонија.

Во програмата се вклучени следните изведувачи:
12:00 Отворање на фествалот
12:15 Пензионери пеачка група
12:30 З.К.У.Д „Бранд Петрушев“
12:45 Слободанка Арнаудова
13:00 Фониа
13:15 Марија Ичкова
13:30 Ице Горичев
13:45 Валери Заров
14:00 Здравко, Ристо-Тарабан и Милош
14:15 Ф.А „Мегдан“

Дојдете да откриете какво богатство слатко од диви смокви.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!