Драган Маринковиќ- Маца во Скопје и во Битола со хит комедијата „Каква ти е жената, таков ти е животот“

Познатиот комичар Драган Маринковиќ – Маца, доаѓа во Македонија со својата хит- претстава „Каква ти е жената, таков ти е животот“ и тоа во Скопје на 27 мај во Филхармонија, и во Битола, на 28 мај во Домот на културата.
Претставата која го освои регионот досега ја имаат гледано повеќе од 40.000 луѓе, а Маца вели дека е среќен што ќе се дружи и со македонската публика.
Билетите се продаваат на касата на Филхармонија и онлајн преку Mktikets.mk, додека веќе следната недела стартува и продажбата на билетите за претставата во Битола.
Во приказната на претставата, Драган Маринковиќ – Маца го претставува бракот на посебен начин кој никого не остава рамнодушен, а со шегите за односот помеѓу мажот и жената и вечните прашања на оваа тема, насмеа многубројна публика. Актерот уште еднаш покажа зошто е препознатлив како еден од омилените комичари на овие простори.
„Морам да кажам дека секоја претстава што ја играм во различни градови во регионот помина, можеби не е скромно да се каже, но, совршено. Коментарите и реакциите на публиката се секогаш одлични, над моите очекувања. Знаев дека претставата е добро, но дека е толку добра, ме изненади. Зборувам за тема која нẻ засега сите, таа е проткаена со мноштво емоции, независно што во одреден момент ја доведува и публиката до солзи. Приказната е за машко – женските односи од сите агли, ја отсликува нивната реалност и времето во кое живееме“, вели авторот на претставата и актер во неа Драган Маринковиќ – Маца.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!