Драган Јованов стана член на Македонското Научно Друштво од Битола

Македонското научно друштво од Битола, или Втората академија на науки, како што некои ја нарекуваат, го прослави својот 60-годишен јубилеј од формирањето.
Тоа е најстаро македонско научно друштво кое по карактерот на дејноста е единствена научна асоцијација на интелектуалци во градот на конзулите и убавината – Битола. Друштвото е формирано на 25 април 1960 година во просториите на Државниот архив – Битола како Научно друштво, кое име го носело сѐ до 1968 година. Од 1960 па сѐ до 2002 година го носело името Друштво за наука и уметност – Битола, а тогаш било преименувано во Македонско научно друштво – Битола. Во период од 60 години Друштвото како организација се занимава со научни прашања од различни области, а има статус на невладино, непартиско и непрофитно здружение на македонски граѓани.
Според пишаните документи, Македонското научно друштво – Битола било формирано од Секретаријатот за внатрешни работи на Општина Битола, на 25 април 1960 година, како прва научна асоцијација во Битола. Иницијатори за формирањето на оваа асоцијација била група од битолски интелектуалци.
За Друштво кое оваа година прослави 60 години од својата успешна работа на полето на науката, културата и уметноста, од формирањето до денес имаат голем придонес плеада раководни личности, научници, интелектуалци и друг персонал кои со своите активности волонтерски ангажмани и ентузијазам придонеле оваа асоцијација да биде на пиедесталот во сверата на својата дејност. Посебни заслуги за Македонското научно друштво – Битола има и Професор д-р спец. Борис Ангелков.


– И официјално сум редовен член на Македонско научно друштво, во секторот за природните науки, изјави Драган Јованов. Благодарам за плакетата. Најголема благодарност за мојот ментор Проф. др.спец Борис Ангелков и на сите колеги од одборите во МНД што ми дадоа шанса да бидам дел од МНД и да дадам свој придонес за афирмирање на науката во Македонија и на меѓународно ниво.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!