11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

Еве зошто риби

Во структурата на фантастичните рибарски приказни некако не припаѓа делот за хранливата вредност на уловените риби. Еве ја тука.
Истражувањата говорат дека калоричната вредност на еден килограм говедско месо, средно масно, се движи околу 1.320 калории, а на свежата риба до 1.800 калории. Но, далеку поголема е вредноста на рибиното месо во квалитетниот состав од белковини, масни киселини, витамини, минерали и микроелементи.
Рибиното месо има мали количини сврзливо ткиво, па затоа е сочно, меко и растресито.
Тоа е богато со т.н. есенцијални аминокиселини, коишто му се неопходни на човечкиот организам за неговиот раст, развој, интелектуална работа и другите важни функции. Рибините протеини со извесни растителни масти можат целосно да ги задоволат протеинските потреби на човечкиот организам. Липидите во рибиното месо го прават лесно сварливо и затоа се важни во диеталната исхрана, како и во исхраната на здравите луѓе, особено на децата.
Артериосклерозата и другите заболувања на крвните садови и срцето се помалку застапени кај луѓето што трошат многу риба, на пример, кај Јапонците.
Рибиното месо е богато со витамините А и Д, важни за нормалниот раст и регулација на метаболизмот на калциум и фосфор, па и со витамините од Б-комплексот и Е- витамините.
Богатството на рибиното месо со минерали и микроелементи ги комплетира вредните состојки, што го прави рибиното месо за едно од највредните продукти во исхраната на човечкиот организам.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена