„Еден на Еден – Седи си дома“ со Влатко Стефановски, Симон Трпчевски, Тамара…

Влатко Стефановски, Симон Трпчевски, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Жељко Самарџиќ од Белград и Јован Јованов од Канада, се гости во новата епизода на „Еден на Еден“ наречена „Седи си дома!“.
Жаре ја снимаше емисијата од својата дневна соба, а на своите пријатели и соработници им се јави на видео повик.
Така, Тамара која е во Гевгелија кај родителите на сопругот, откри каква домаќинка станала додека е во домашна изолација, Елена зборуваше за новиот бизинс со козметиката со нејзин потпис, а Влатко Стефановски раскажа дека ќерка му Ана, пред неколку месеци се врати од Италија, каде што докторираше.
На Влатко му се откажани претстојните концерти, исто како и на маестро Симон Трпчески, кој е за прв пат во „Еден на Еден“. Тој специјално за Жаре и за гледачите отсвире и запеа една македонска песна, а и маестро Влатко имаше кусо гитарско соло.
Жељко Самарџиќ исто така запеа и од Белград и раскажа колку е претпазлив оти спаѓа во ризичната група за зараза од коронавирусот. Продуцентот Јован Јованов се јави од Канада и раскажа дека луѓето таму се посмирени.
Седете си дома и гледајте ја „Еден на Еден – Седи си дома!“, во недела од 18.30 на Канал 5.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!