Жените трачарат и по пет часа дневно

Жените трошат пет часа дневно во озборување на работното место или дома, покажа неодамнешната анкета, спроведена од британски истражувачи.
Меѓу десетте омилени теми за разговор се туѓите проблеми, љубовни врски, диети, патувања, подготвување јадења, секс, шопинг, здравствени проблеми и ТВ-сапуници.
Истражувањето, чии резултати ги пренесува британскиот весник „Дејли мејл“, покажува дека жените во просек разговараат 24 минути дневно за вишокот килограми или бројот на облеката.
„Жените се познати по своите способности за комуникација, а мажите едноставно се фасцинирани од нивните теми на разговор“, изјави претставникот на компанијата „Фрсткејп“, која ја спроведе анкетата.
Повеќето од анкетираните изјавиле дека најмногу сакаат да разговараат со своите пријателки, додека со мајките и со партнерите разговараат на сосема други теми.
Foto- Pixaby

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени