Постите? Ова треба да го знаете
-Денот треба да почне со појадок и задолжително да се предвиди времето за сите три основни дневни оброци.
-Многу е битно секојдневно да се јаде овошје и да се пијат природно цедени сокови. Задолжително е еднаш дневно да се јадат салати од свеж, кисел, варен или динстан зеленчук.
-Секој ден да се внесува оброк од мешунки (грашок, грав, леблебија, боранија, печурки) кои имаат низок гликемиски индекс, а даваат доволно енергија за бројни дневни активности. Од мешунките можат да се готват чорби, да се прават салати, пире, пити, варива и мусака.
– Свежите овошни сокови и овошјето – треба да се најдат на вашето мени два пати во текот на денот.
– Секојдневно во организмот треба да се внесува по 2,5 литри вода или чај.
– Во почетокот на ваков режим на исхрана постојат минливи краткотрајни рекации на организмот кои се последица на чистење и исфрлање на токсините. Тегобите со варењето, промена на апетитот, промена на расположението и.т.н.
– Зголемената потреба за јадење може да биде и последица на ниското ниво на шеќер во крвата или голема количина на киселина во желудникот. Затоа е многу важно да јадете на секои два часа доколку сакате да ги избегнете овие симптоми. За неколку дена тие ќе исчезнат и ќе се вратите на четири до пет оброци дневно.
Нервоза
Нервозата и раздразливоста се последица на ваква непримерна исхрана. Но, грешат и оние кои постот го сфаќаат како систематско изгладување- со желба да бидат доследни, а без можност да си организираат правилна посна исхрана во текот на денот, гладуваат, а тоа влијае на расположението.
Фото- Pexels
Коментарите се затворени