Туна-салата
Потребно е: 2 конзерви со парчиња туна, едно пакетче замрзната пченка, лимон, краставица, неколку листа марула, 5 ротквици, црн пипер, една пиперка, мирудии, 200 г шери домати.
На исцедената туна додадете ја сварената и исцедена пченка. Исечете ја краставицата, пиперката и ротквиците. Ставете го зеленчукот и исечканата марула, полејте со сок од лимон, додадете мирудии и добро измешајте. Пред да ја послужите додадете ги и шери доматите исечкани на половинки и декорирајте со маслинки.
Коментарите се затворени