12.6 C
Skopje
недела, мај 18, 2025
spot_img

„Животот е прекрасен“, во чест на Светскиот ден на театрот

Македонскиот народен театар во чест на 27 март, Светски ден на театарот, ќе ја изведе претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман во режија на Александар Морфов. Самиот режисер за претставата еднаш рече дека „не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен“. Дозволете си и вие преку театарската уметност да ја откриете убавината на животот.
Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака, посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ. Авторот на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот – 27 март е Карлос Селдран – режисер, драмски писател, театарски едукатор и професор од Куба, додека автор на македонската порака за 2019 година е драмскиот писател, Југослав Петровски.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена