Во 2018-а стартуваа, годинава продолжуваат: во хотелот „Александар Палас“, во понеделник (25 март) се доделуваат наградите „Story Awards“.
Во ноќта на убавината, славата, гламурот и громогласните аплаузи, наградите ќе ги добијат актерски, музички, телевизиски, спортски и бизнис-личности по избор на регионалното уредништвото на магазинот „Story“.
Инаку, „Story awards party“ е едно од најзначајните случувања во светот на шоубизнисот, кое секој пат успева да ја оправда својата репутација на огномет од емоции, естетика и незаборавна забава. Патем, со настанот „Story Awards“ ќе биде најавено и новото специјално издание на магазинот „Story“, кое вторпат ќе се појави на македонски јазик.
„Story“ e најтиражен магазин за познатите личности препознатлив по актуелната и ексклузивната содржина како и интересните приказни од животот на славните личности. Освен по свежите и живи рубрики овој магазин се разликува од конкуренцијата и по пристапот кон познатите личности кои токму во „Story“ го демистификуваат она што тие го претставуваат во јавноста, оголувајќи се пред читателите и делејќи ги со нив своите најинтимни животни моменти.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени