Во студиото „Анастасија“ владее прекрасна атмосвера, полно е со музичари, разиграно е и распеано.
Логично – Горан Тодоровски го снима 8-иот студски албум, се прават песни во кои е вткаено 25. годишно искуство на овој музичар. Тимот е проверен, (Сашо Ливрински, Дејан Миленковски, Огнен Неделковски, Орце Зафировски и Ице Беличев), секоја нота си го има своето место, зборовите се буквално нанижани, а знаејќи го сензибилитетот на Горан, не очекува спектакл од емоции. Велат, не се штедело на чувствата: да се разбудиме, разнежиме и да се сетиме дека сме живи.
Аирлија, со нетрпение го чекаме албумот.
Со браќата Нуне
Горан Тодоровски и Влатко Терзиски
Коментарите се затворени