Доколку името ви почнува на Б, Ц, Ќ, Ч, Д, Ѓ, Џ, Ф и Г
Б – Оваа буква има изразена потреба за љубов, чувства и нежност. Во себе има вибрации на миротворец, нагласена интуитивност, преданост кон семејството, подготвеност за соработка, сочувство. Личноста се снаоѓа во детали, срдечна е, сентиментална, со романтичен карактер. Б упатува на телесни слабости како напнатост и нервоза.
Ц, Ќ, Ч – Укажуваат на изразена интуиција и рамнотежа. Носат вибрации на комуникација и фантазија, љубезност, самоувереност, ова е уметничка душа, забавна и духовита личност, со добар вкус, оптимизам, отвореност. Имаат вродена надареност, но често немаат цел или се несигурни при изборот на работа. До успехот доаѓаат брзо кога работат за туѓи планови или замисли.
Д, Ѓ, Џ – Ако вашето име почнува на една од овие букви, вие сте практична личност, ве краси разумност, енергичност, солидарност, доверливост, штедливост и решителност. Носителите на овие букви често патуваат, а постои можност и да работат во служба на религија, во хуманитарна или добротворна установа. Опасноста им доаѓа од телесните уживања, пороци и неумереноста.
Ф – Буквата Ф на почеток на името носи многу љубов, убавина и одговорности. Во себе има вибрации на уметник, пријател, великодушност, често и заштитник, постојан романтичар. Најчесто овие личности имаат немирен карактер, но многу се продуктивни, а во бракот или подолга врска често се борат со проблеми. Полни се со предрасуди, меланхолични се, потребно им е постојано сочувствување со другите.
Г – Без оглед на среќата и интелигенцијата, овие луѓе честопати се осамени. Оваа буква носи вибрации на исклучителност, единственост, интуитивност, емотивност, натпросечна интелигенција, трпеливост, постојаност. Ги анализираат другите, додека самите се таинствени и преокупирани со себеси. За се` им треба многу време. Своите проблеми ги решаваат без ничија помош. (продолжува)
Коментарите се затворени