Заврши „Охрид-фест 2020“: Од „Долни Сарај“ ечеа охридски чалгии, песни за душа и весели фолк- мелодии

Почитувајќи ги мерките и здравствените препораки донесени поради пандемијата со Корона- вирусот (задржана физичка дистанца помеѓу публиката, носење заштитни маски и мерење на температура на влезот), овој викенд на најубавата сцена на Балканот – на Долни Сарај, се одржа популарниот „Охрид-фест“.

Пејачите во топ- форма, 19 прекрасни песни, различни ритмови, нагласена охридска чалгија, потоа- традиционалните звуци, неколку романтични романси, омилени изведувачи, неколку имиња што допрва ќе ја освојуваат сцената: тоа е резимето на фестивалот, слеано со големата желба на естрадните уметници- да и се вратат на песната!

Веројатно затоа и фестивалот беше полн со исчекување и навистина убава атмосфера. Се разбира ова беше „новата нормалност“ и наметни нови правила поради Ковид-19, но голема е желбата а богами и вербата дека се ќе биде по старо следната година, со стандарна концепција од три вечери, многу гости од Балканот, многу новинари и секако- многу публика, која во досегашното траење на фестивалот демонстрираше колку го сака „Охрид-фест“.

Благица Павловска

Како што веќе информиравме, на фолк- изданието на фестивалот слушнавме и видовме, преку директниот пренос на МРТ, 19 композиции, а бодувањето се случуваше со гласовите на нашите и радијата од дијаспората, и секако со гласовите на жирито, присутно на фестивалот.

Жирито на генералната проба


Првата награда од публиката им припадна на „Скопски Боеми“ кои ја изведоа „Љубовта е скапа играчка“ (муз. Петар Кан, т. Огнен Неделковски и ар Цане Петров).

На Ибро Лабунски му припадна втората награда а тој ја изведе
„Анѓо моја судбино“ (муз и текст Ибро Лабунски, ар. Суад Усеин Цуле), додека третата награда од публика ја доби Благоја Грујовски: „Не се будам без тебе“ (муз. Иво Горов, т. Огнен Неделковски и ар. Љупчо Соколовски).


Жирито своите гласови им ги даде на Зоран Христов и песната „Ќе те носам на југ“ на Горан Шарац, со аранжман на Ц.П. Дундарак и стиховите на Огнен Неделковски.


Нино Величковски ја доби втората награда, изведувајќи ја „Чувај не песно“ на Филип Неделковски, со текст на Огнен Неделковски и аранжман на Петар Кан, а на третото место се пласираа Катерина Брезева и „Соната“ со песната „Кажи ми кажи“, (музика и аранжман на Петар Кан и текст на Драган Матески).


Наградата за најдобар аранжман му припадна на Јовица Каралиевски за песната „Побарај среќа“ што ја пееше Петар Нечовски.
Наградата за најдобар текст- Јован Павловски, му припадна на Огнен Неделковски за стиховите на песната „Мој Охриде“ што ја изведе Добрила Чабриќ- Ивановска.


Најтрубадурска песна е „Животот е еден“ што ја изведе Милован Секулоски и Позитив бенд (муз и т. Милован Секулоски Ар. Гоце Цоцески).
Специјалната награда „Долни Сарај“ ја доби Ирена Спасовска и песната на Горјан Стојановски и Цане Петров „Кокиче“.


Награда за најдобара интерпретација и припадна на Јуле Николовска а специјалната награда „Аце Ангелески“ ја доби Анета Арсовска за „Зароси љубов“.


Барбара Јаковлеска е добитник на наградата за најдобар сценски настап, додека за најдобар дебитант е прогласена Гордана Микиќ.
Најслушана песна помеѓу двата фестивали е „Моето семејство“ што ја пее Методија Столески.
Тоа е она што се однесува до наградите.

Водителката на фестивалот Каролина Петковска

 

Другиот дел, песните сега го имаат отворен патот до слушателите, и тие ќе си го одредат своето траење. Пред нив е вистинскиот тест!

Идеен творец на „Охрид-фест“ Григор Копров

„Охрид- фест 2020“ заврши, но организаторите,  веќе од утре почнуваат со плановите и подготовките за следната година.
Се гледаме на „Охрид- фест“ 2021!

7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!