29.8 C
Skopje
недела, јуни 15, 2025
spot_img

За роденденот на КупиКнига.мк: 12 илјади наслови на попуст

Најголемата електронска книжарница во Македонија, КупиКнига.мк, го прославува својот осми роденден. По тој повод, овој викенд, КупиКнига.мк нуди 12.000 наслови на попуст до 50%. Попустите ќе започнат од 10.03.2020, петок, и ќе траат за време на целиот викенд!
Овој роденден, КупиКнига.мк ви ги нуди речиси сите изданија на попуст до 50%. Секој љубител на пишаниот збор ќе може да си го нарача својот омилен наслов на специјална понуда и да ужива во удобноста на својот дом искористувајќи го на најпродуктивен начин овој период во кој што сите заедно мораме да останеме силни и истрајни во борбата со светската пандемија.
Нашата најголема мотивација се задоволните читатели насекаде во светот. Нашата мисија овие осум изминати години е остварена! Сите наслови од речиси сите издавачи во регионот ги ставивме на едно место за читателите, со само неколку клика да можат да си го нарачаат секој еден наслов на кој што може да помислат!“ – изјави Даниела Крчишка, маркетинг асистент на КупиКнига.мк.
Во областа на електронската продажба на книги, КупиКнига.мк е водич во регионот. Уште од самите почетоци тие направија вистинска револуција во електронската продажба на книги, но воопшто и во е-трговијата во Македонија.
За КупиКнига.мк и iVote
КупиКнига.мк е првиот македонски портал за електронска трговија со книги кој всушност претставува агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Позади КупиКнига.мк стои компанијата iVote, компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење.

претходна објава,
наредна објава

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена