Знаете ли кој е вашиот најголем пријател? Погледнете во огледалото

Животот е прекомликуван, си велите. Сите нешто очекуваат и бараат, љубовта ви значи промашување, а со парите и на работа – ништо пооптимистично! Од каде да почнете да го решавате тој куп дилеми што се нарекуваат- вашиот живот?


Решение
1. Најдете го најубавиот тефтер и свечено прогласете го за својот дневник. Секоја вечер разбистрете си ги мислите и чувствата, запишувајќи ги. Тоа е проверено делотворен метод, кој поминува и во толку острата конкуренција како што се бескрајните телефонски разговори со пријателката. Значи, запишувајте, и- откачувајте се од работите што ве мачат.
2. Не драматизирајте. Не е баш секој проблем катастрофа, ниту пак канцелариско озборување – веродостоен заклучок. Почнете да ги решавате работите како да ги диплите работите во шкафот. Една по една, уредно промислувајќи и оставајќи доволно простор- помеѓу… Што ве прави среќни- тоа нека ви биде мислата водилка, срцето никогаш не греши.
3. Кога следниот пат ќе поминете покрај огледалото, обидете се освен недостатоците, да забележите и некој свој квалитет – и покрај тоа што сметате дека се здебеливте, дека имате преголем нос или ретка коса… Кога ќе ја совладате таа вештина, применете ја во проценката на својот карактер. Кажете си го самите на себеси, она што очекувате да ви го каже вашата најдобра пријателка. Така ќе се спријателите со себе, со своите предности и, што е најважно, со недостатоците.
И тоа нека ви стане правило- секогаш кога ќе се погледнете во огледалото, не заборавајте- ве гледа вашиот најдобар пријател.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!