Зодијачките гурмани. Биковите јадат најмногу а Девиците се најштедливи

Овен
Огнената природа на овните им го диктира вкусот – сакаат храната да е пикантна и брза, затоа што јадат од „нога“ и недоволно џвакаат.
Чудно но вистинито – Овните имаат голем апетит и сакаат да експериментираат со храната, сакаат кога е убаво сервирана, но често не внимаваат што јадат.
Бик
Биковите би дале се` за убаво јадење и пиење, вистински гурмани се. Независно што јадат, го сакаат тоа во огромни количини и тие ги знаат сите можни рецепти и несекојдневни комбинации на вкусови. Доколку разговарате со Бик за здрава исхрана, тој ќе ве убеди дека се` е здраво, само треба да сте доволно умни да го приспособите на себеси.
Близнаци
Близнаците не се дебелат и за нив храната е можност да се зближат, средство да стигнат до нешто, а не да уживаат во неа. Иако јадењето не им е омилена активност, готвењето им е привлечно и токму во кујната ги покажуваат своите таленти за комбинирање, за зачинување, но тие се и големи поборници на здравата храна. Или тоа само го зборуваат, бидејќи е модерно?!


Рак
Раковите се познати како професионални готвачи, сопственици на ресторани… Сакаат да јадат, сакаат да готват, обожаваат домашна, традиционална храна и не штедат на продукти. Освен тоа, тие се одлично друштво за на трпеза, знаат многу за потеклото на храната, за пијалаците… Едноставно се совршени како домаќини.
Лав
Лавовите сакаат се`што е скапо, па така и храната ја набавуваат од најскапи и најдобри специјализирани продавници. Многу се дисциплинирани, имаат префинети навики, манири и сакаат кога масата е полна со познати лица, но и блиските луѓе, кои притоа се и духовити, па затоа седенките што ги прават лавовите – се лавовски.
Девица
Претставниците на овој знак прават чуда во кујна, готват и сукаат, ама се доста штедливи и внимаваат ништо од сервираното да не се фрли. Освен тоа, имаат премногу чувствителен желудник и бавен метаболизам, па не подлегнуваат на разноразни гастро-искушенија. Всушност, Девицата е единствен знак што може да издржи каква било диета.
Терезија
Терезија сака да кокетира, да јаде со прсти и е голем љубител на храната. Имаат голем апетит и ништо не прескокнуваат, и како по правило, сите претставници на овој знак се зависни од благи работи. Сакаат добро да јадат, но ништо помалку не се познати и по пиењето. Секогаш одбираат префинети и гурмански ресторани.
Скорпија
Тие знаат да одат од крајност во крајност, го празнат фрижидерот навечер, а наутро јадат здрави појадоци. Полни со контрадикторности претставниците на овој знак не знаат да одглумат кога храната не е по нивен вкус. Сакаат да готват, и многу се темелни во тоа – одбираат пикантни мирудии и никогаш не застануваат на едно пиење.
Стрелец
Поради склоноста да се прејадуваат, препиваат и претеруваат со задоволствата, Стрелците страдаат од дигестивни проблеми и многу често се дебели. Инаку, овој знак е омилен во друштво, и нивната исхрана е навистина чудна – еднаш се однесуваат како да немаат видено јадење со денови, а другпат со денови се испостуваат со вода.


Јарец
Јарците се познати како традиционалисти и тоа најмногу се забележува на нивната софра – сакаат семејни ручеци и нивна опсесија се домашните јадења. Што се однесува до комбинации благо-солено, луто и кисело – нема шанси да ги натерате да пробаат. Не зачинуваат, но често претеруваат со солта.
Водолија
Претставниците на овој знак сакаат нискокалорични оброци, сакаат да дегустираат се` што е ново и чудно. Меѓу Водолиите има многу вегетаријанци и вегани, обожаваат зеленчук и овошје, и често го заменуваат месото со салата. Ако готват, а тоа ретко се случува, не ги следат рецептите, и по цел ден поткаснуваат.
Риби
Рибите сакаат да готват, уживаат кога тоа го прават за луѓето што ги сакаат и затоа нивната кујна секогаш е со пријатели. Многу внимаваат на сервирањето, на боите, понекогаш повеќе и од содржината што ја имаат на масата. Не се лакоми, но го сакаат чувството кога се` им е при рака, и кога не треба да ги бројат калориите.

Фото: Pexels, Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!