Browsing Category
Слајдер
„Гастромак и пријателите“: Предизвик за идните готвачи, да не ја напуштаат татковината
Заврши седмиот Гастромак, годинава носталгично насловен со „Гастромак и пријателите“, едукативна тура за учениците во Штип и Струмица, со што е исполнета целта, преку предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју простори и пошироко, да се унапреди нашата гастрономска сцена, и како што кажа претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, идните готвачи да останат во Македонија.Стево Карапанџа, Изток Легат, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, и почесниот гостин, Уве!-->…
Фантастичен успех на македонците на фестивалот „Cheese“ во Бра: Кога ќе кажеш сирење, мислиш на земја со илјада вкусови
На 11-то издание на „Cheese“ што неодамна се одржа во Бра, Италија, Слоу фуд Македонија се врати со констатација дека нашата земја има на што да биде горда. Едноставно: дојдовме, видовме и победивме!Овогодишната прослава на сирење и млечни производи ги собра мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет: имавме квалитетна промоција на македонските сирења, вина и на традиционалната кујна, за што сведочат редици посетители пред македонскиот штанд.Секојдневно на штандот на „земјата со илјада!-->…
Овој викенд во Бра, Италија, ќе се одржи „Cheese“ – Меѓународниот фестивал посветен на сирењето
„Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи.., организиран од мрежата на Слоу Фуд, ќе се случува овој викенд во Бра (Италија) од 15-ти до 18-ти септември годинава. Во организација на Slow Food International и Citta di Bra, со поддршка на Regione Piemonte, овогодишната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе ги собере сите мајстори за сирење, сточари, производители и експерти од целиот свет кои се среќаваат за да ги!-->!-->!-->…
Ај фил фуд. Смилевска гастрономска разгледница
Тоа колку го сакам Смилево, колку срцето ми трепери при секое негово спомнување, ми се чини знаат и врапчињата. Романтична, носталгична и меланхолична сум кога ќе помислам на моето село, и како по правило, тогаш, некоја неверојатна светлина ми го расчистува погледот а душата ми е полна со спомени, поврзувања и среќа. Во најубавото Смилево се е поезија на вкусот и кога сум таму, во највеличенствена смисла го славам животот: сакам да слушнам стари рецепти, да се поврзам со минатото, со таа гастрономија и така негибната да си…
Ај фил фуд. Што јадеме на одмор?
Кога ќе дојде одмор, колку и да трае, се обидувам да сум на „ти“ со сите овоземни убавини: море, сонце, миризби, вкусови...., се она по што копнеам цела година. Затоа, се ми е слатко, секое залче натопено во емоција е бран на прекраснотии, се си има некаков природен склад, некоја некажана сплотена срцевина што и прави мерак на мојата душа. Ах! И, кога се обидувам да ја демистифицирам таа гурманска егзотика, се она што му прави радост на непцето, на прво место ги ставам плодовите на морето, природен лифтинг на телото. Убаво и…
Прашалник. Калиопи: „Знам“ предизвика емотивна експлозија кај мене
Калиопи во име на армија почитувачи, фанови, во име на песните кои стануваат интерни химни и евергрини, сними уште една песна, дует со нејзиниот долгогодишен пријател Жељко Самарџиќ- композиција „Знам“ што во комплет ја потпишува Ромео Грил. На вчерашната средба со новинарите таа се потсети дека само две песни досега:„Бато“ и „Црно и бело“ предизвикаа исти чувства како најновата- кога ја слушна музиката почувствува треперење и пеперутки во стомакот. Ја сакаме Калиопи затоа што е доследна: и покрај години естрадно постоење,…
Лоба и Her Line ја лансираа спортската шик лајфстајл линија за сезона пролет/лето
Македонскиот бренд Her Line заедно со пејачката Викторија Лоба како бренд амбасадор и сега за прв пат во улога на креативен дизајнер, ја претставуваат новата модна колекција за сезоната пролет/лето '23 “Blooming Monochrome” лајфстајл линија за жени и девојки. Спортскиот шик и минимализмот се главниот печат на линијата “Blooming Monochrome” и секако дека во неа се вметнати и најновите трендови како карго џебови и миди здолништа, што ја прави совршена за модерните жени кои сакаат да изгледаат добро и да се чувствуваат удобно.…
Мис на Европа 2023 во Бејрут. Моника Црнокрак – Мис на фотогеничност
Во Бејрут, Либан, во театарската сала на Casino Du Liban, во организација на Style Events се одржа изборот за Мис на Европа за 2023. Нашата држава ја претставуваше 24. годишната убавица Моника Црнокрак која успеа да ја освои титулата Мис Фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави. Победничка, односно Мис на Европа за 2023 е претставничката на Италија, а Прва придружничка е кандидатката од Русија. „Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа…
По Slow Wine Fair 2023 во Болоња: „Да“ за локалното семејно вино со висок квалитет
Првиот знак за успешноста на настан од меѓународни рамки се плановите за следното издание: уште отсега се знае дека третиот Slow Wine Fair ќе се случува од 25 до 27 феврури 2024, со напомена дека ќе го следи трендот на растење. Оваа година, за разлика од ланската се скокна за 50 %: беше посетен од над 10.000 гости, од кои половината беа индустриски професионалци од Италија и странство, во трите дена се промовираа вината од 21 земја, (Австрија, Аргентина, Хрватска, Бразил, Чиле, Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија,…
Заврши Slow Wine Fair 2023: Виното го прави животот поубав
Заврши тридневна манифестација Slow Wine Fair 2023 - Меѓународен настан посветен на добро, чисто и правично вино, што беше лоциран во Болоња, на кој се преставија наши 12 семејни винарии. Слоу Фуд Македонија на винската сцена на „Slow Wine Fair 2023“ ги презентираше следните винарии: „Наумчеви“, „Мал Св. Климент“,„Клинчаров“, „Цветановиќ“, „Ерос“, „Изворно“, „Јостела“,„Арабеска“,„Сарика „Иванов“,„Максимилијан“ и „Подрум Параџик“. Индивидуално, ама сплотено, секој на свој начин, како амбасадори на земјата, винарите, вински,…