Browsing Category

Дијаспора

Ефто Пупиноски и групата „Милениум“ на турнеја низ Австралија

Фолк легендата Ефто Пупиноски заминува на турнеја низ Австралија. Тој заминува заедно со  битолската група„ Милениум“. Организатор на турнејата е Македонското младинско друштво „Никола Карев“ од Мелбурн. Ова е уште една можност во живо да се слушнат неговите безвременски хитови „Туѓа си бескрајно“, „Зоро моја Зорице“, „Лихнида кајче веслаше“, „Тинке, Катинке“, „Ти ми беше прва пролет“, „Сакам да ти влезам во срцето“ и други. Турнејата започнува Волонгог, каде ќе одржат концерти на петти октомври. На шести и 12 октомври се во…

Никола Марковски за фудбалот дома и надвор: Австралија има пари- нема тренери, Македонија нема пари ама нема ни услови

Битолчанецот Никола Марковски, поранешен фудбалер на Пелистер и на репрезентација, скоро пет години живее во Мелбурн, Австралија. Вели тешко му било да се раздели од фудбалот во Македонија и тешко му било да се навикне на малиот интерес за фудбалот во Австралија, како трет спорт. Но, на крајот неговиот труд се исплати. Освен што игра професионален фудбал, отвори и своја школа и посветен е на талентираните деца што повеќе им се најде во остварување на нивниот сон. Играше во Пелистер, во репрезентација, па  замина за…

Зуица Лазова и Милан Завков за „Илинден“ на концерт во Торонто

Фолк пејачката Зуица Лазова заедно со група музичари утрово замина за Торонто, Канада, каде ќе одржи концерт по повод големиот празник „Илинден“. Во екипата музичари се Милан Завков, потоа Иле и Аце од групата „Маестро“, Филип Нуне, Љупчо Соколовски  и Бојан. -Идејата беше да замине екипа на „Зајди, зајди“ но не може дел од оркестарот, па така  направивме нова екипа од врвни музичари.  Одиме само за еден концерт, кој пак, е многу важен не само за сите нас овде, туку и за нашите во дијаспората. Концертот ќе биде на шести…

Манекенката Маја Лазаревска со порака од Австралија: Се иселивме со Дарко, не сакавме децата да ни живеат во нездрава средина

Манекенката Маја Лазаревска и кошаркарот Дарко Станимировиќ се едни од многуте млади што за подобар живот решија да остават се и да ја напуштат Македонија. Како млад брачен пар, пред кого стои формирање семејство и воспитување деца, тие решија иднината да си ја коват илјадници километри далеку од дома, во Мелбурн, Австралија. Велат да тажно е, оставаш се и заминуваш, но кога знаеш дека си направил голем чекор за подобра иднина на своите деца тогаш е лесно.  Заминаа во 2014 година со голема надеж,  а  по неполни четири години…

Илина и Ева Соколовски со злато ја завршија сезоната и доаѓаат на одмор во Скопје

Македонските спортски амбасадорки Илина и Ева Соколовски сезоната на натпреварите во ритмичка гимнастика ја завршија со уште по едно злато. И двете на натпреварите минатата недела го освоија првото место во републичкиот натпревар во Германија и сега заслужено заминуваат на одмор во Скопје, родниот крај на нивните родители. Илина викендот победи на последниот летен натпревар што се одржа во градот Минтер, Германија, и го освои пехарот од 21 натпреварувачка, колку што учествуваат во групата до 12 години. Таа има 11…

ПО ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПАУЗА ФОЛК ЅВЕЗДИТЕ НАУМ ПЕТРЕСКИ И ЗУИЦА ЛАЗОВА ПОВТОРНО ВО АВСТРАЛИЈА

Музичко-брачната двојка Наум Петрески и Зуица Лазова пристигна во Австралија. По десет години пауза тие повторно ќе запеат пред нашите иселеници. Главен настан од нивната турнеја е Охридскиот бал, кој ке се одржи на 23 јуни и кој годинава слави 35 години од постоењето. Нивната турнеја започнува во Мелбурн, каде викендов го одржаа првиот концерт. Потоа продолжуваат во Перт, на 26 мај, на први јуни се во Рокдајл, па Волонгог, Голд Кост и останатите поголеми градови каде живеат нашинци. Наум: Само во Австралија се сака…

АЦЕ ПЕТРОВСКИ, КОРЕОГРАФ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КУД „НИКОЛА КАРЕВ„ ОД МЕЛБУРН: Традицијата не смее да се заборави, тоa се нашите корени

Аце Петровски е претседтаел и кореограф во Културно уметничкото друштво „Никола Карев“ од Млебурн. Потекнува од битолското село Добровени, но веќе 41 година живее и работи во Мелбурн. Само една година откако се доселил во Мелбурн станал член на друштвото, веќе 35 години е кореграф, додека како претседател функционира 27 години. Но, пред да стане сето ова тој бил 30 години играорец и во душа го носи македонскиот фолк. -Кога се преселив во Мелбурн, по малку време се формираше друштвото и јас почнав како играорец и до ден…

ГРУПАТА „ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА„ СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ: 30 години македонска песна во Шведска

„Втора генерација“ или на шведски „Andra generationen“ годинава слави 30 години од постоењето. По тој повод беше промовиран нивниот петти албум насловен како „Втора генерација- 30 години опа“. Членовите на групата се по потекло Македонци, но родени се и живеат во Гетеборг, Шведска. Во својот опус немаат само музика од Македонија, туку и од целиот Балкан. -Со оваа музика безброј пати имаме настапувано низ Шведска, но и низ цела Европа. Во овие 30 години и два пати учествувавме, а победата за малку ни избега, на…

Илина Соколовска прогласена за принцеза на Украина

Македонката Илина Соколовска (11) пред неколку дена беше прогласена за принцеза на Украина. Таа на интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Харков, го освои првото место и освои златен медал. Ова е нејзин прв интернационален натпревар по ритмичка гимнастика, откако ги освои сите титули во Германија, каде што живее со семејството. -Се натпреварував со деца од 12 години, тоа генерациски значи една класа поголеми од мене. Но, јас и во Германија и таму се натпреварував со поголеми деца, бидејки, како…

РИСТЕ РИСТЕСКИ ЗА ПРВ ПАТ НА ТУРНЕЈА НИЗ АВСТРАЛИЈА

Ѕвездата на „Гранд„ продукција, Ристе Ристески од минатата недела е во Австралија на турнеја, заедно со кралот на ромската музика, Ферус Мустафов. Ристе веќе одржа неколку концерти, а таму го прослави и својот 23 роденден. Ова е негово прво патување преку барата и засега тој ги има најубавите и најпозитивните впечатоци. -Една недела сум тука и досега имаме направено само два концерти во Сиднеј. Засега е преубаво. Имаме направено само два концерти а планирани се осум. Искрено презадоволен сум од позитивната енергија која…