Browsing Category
Слајдер
Заврши Slow Wine Fair 2023: Виното го прави животот поубав
Заврши тридневна манифестација Slow Wine Fair 2023 - Меѓународен настан посветен на добро, чисто и правично вино, што беше лоциран во Болоња, на кој се преставија наши 12 семејни винарии. Слоу Фуд Македонија на винската сцена на „Slow Wine Fair 2023“ ги презентираше следните винарии: „Наумчеви“, „Мал Св. Климент“,„Клинчаров“, „Цветановиќ“, „Ерос“, „Изворно“, „Јостела“,„Арабеска“,„Сарика „Иванов“,„Максимилијан“ и „Подрум Параџик“. Индивидуално, ама сплотено, секој на свој начин, како амбасадори на земјата, винарите, вински,…
Винаријата „Пешков“: Кога се споија виното и предизвикот, се роди иновативноста и љубовта
„Кога некој ќе дојде во Тиквешијата најчесто ја слуша приказната дека виното се прави во секоја куќа, што и не е далеку од вистината... Кавадарци е многу убаво место, и на урбан план и во однос на почвата и времето. Нашиот град може да се пофали со доста плодна почва и околу 260-270 сончеви денови во годината. Во однос на лозовите насади, временските услови, почвата и надморската височина, поднебјто е доста погодно за одгледувањето на локалните сорти - Смедеревка, Темјаника, Станушина и Вранец. Токму затоа, во нашиот крај…
Камења со приказна од работилницата на Сузе, со симболика и порака: Да бидеме силни како нив
Сузе Турунџиева својот огромен креативен потенцијал овој пат го има насочено на каменчиња: тоа се среќни, убави, облечени камења што зрачат љубов, да не можете да се изнаситите од глетката. Мене ме потсетуваат на безгрижност: се сеќавам дека кога како студентка, враќајки се од Јадран, задолжително купував камен-морнар. Со време направив цела „флота екипаж“, што ме развеселуваше. Хероина на овој текст со цртање на камен започна од чиста љубопитност и желба да игра со боите- на поинаков начин од порано а првите 2 камчиња беа…
Репортажа: Еден ден во Пирустија Неданоски
„И таму кај што не си, те наоѓам, замижувам и знам, се препознавам, во туѓата си сенка, во сечии си очи. Безнадежноооо...“- се разлева гласот на Хелена Благне од дворот на Пирустија, а Наташа и терцира. И тоа многу точно, гласот и е допадлив, чист и радосен, и ме инспирира да и се придружам во рефренот, и драматично да го најавам своето доаѓање. Кога ни се „смешаа“ гласовите со музиката, кога ме здогледа, со онаа широка насмевка за добредојде и уште поширока прегратка, ми го потврди чувството дека сум во Пирустија Неданоски,…
Валентина Митрова: Нашата семејна приказна за неговото височество -тартуф, вградена во брендот ТУФ
Доколку ги сакате тартуфите, ако сте навлечени на нивната арома, миризба, можеби ќе ве инспирира приказната на Валентина. Имено, семејството Митрови се пионери на тартуфарството кај нас што резултираше во создавањето и етаблирањето на брендот ТУФ, кој во себе ги спои љубовта кон планините, кучињата и љубопитството поврзано со желба за иновации. Таа сплотеност трае 12 години и во континуитет преку најразлични и највкусни производи со свежи и сушени тартуфи. Всушност, што и да помислите на темата- тартуфи, во која и да е…
Ај фил фуд. Лахмаџун, ајран и арт
Најобична прошетка до Старата чаршија дава можност да ги разгледувате луѓето, да ги сместувате во некакви измислени калапи. Плус, времето секогаш се скусува и е поинтересно кога димензија добиваат непознати ликови: им смислувате табиети на луѓето, кои често, во најзабревтан дел од денот изгледаат уморно. Тоа е една малечка игра да погодуваш кој е каков, ама за база да го имаш физичкиот изглед. И не треба некаква особена филозофија, какви може да се луѓето кај кои се` е предимензионирано, поголемо отколку „што треба“, а…
Андријана Мациев, уметница: Љубовта направи чуда за мене
Таа е ликовна уметница, млада талентирана жена која светот го гледа низ бои, контрасти, а во раскошот на имагинацијата прозборува и нејзината душа. Андријана Мациев е артист кој своите дела ги создава спонтано, а со секоја боја, линија и гест го става личниот печат. Делува кревко но е многу силна и раскрилена: неодамна јавноста ги виде нејзините слики а во последниот животен предизвик храбро се избори и прозборе за борбата со канцерот. Благодарение на социјалните мрежи те следам постојано ама и не претпоставив каков огномет…
Добредојде за „Слоу Фуд гостилници“, првиот водич за автентична и вкусна храна кај нас
Вчера во кафе книжарницата „Литература“ беше промовиран првиот водич на Слоу фуд Македонија, прирачник за вкусна и автентична храна во гурмански објекти во нашата земја насловен како „Слоу Фуд гостилници“. Водичот го претставува гурманското богатство на 17. интересни гостилници во нашата земја, што ја промовираат регионалнaта кујна, локалните вкусови и нашиот гастрономски идентитет. Предложените места, ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино.., ја потврдуваат тезата дека кај нас во Македонија поради сонцето,…
ЕXPO 30. Моден настан на годината
Овој викенд, во Музејот на современа уметност се одржа вториот и последен ден од настанот EXPO 30 во организација на Боттега Евенти. Гостите и овој пат имаа можност да ги погледнат новите модни колекции на уште пет македонски дизајнери, да се забавуваат со македонски ди-џеи и да дегустрираат македонски производи. Настанот е организиран по повод одбележување на 30 години независност на државата и е поддржан од страна на Владата на РС Македонија. Ревискиот дел во вториот ден на EXPO 30 започна со претставување на заедничка…
„Охрид фест“. Мирослав Рус, добитник на наградата за промоција на музика на Балканот: Македонија во срцето
Мирослав Рус, за многумина „човек музика“, уметник во вистинската смисла на зборот е добитник на наградата за промоција на музиката на Балканот, што „Охрид фест“ традиционално ја доделува секоја година. Еден од најплодните автори од Хрватска чии што песни одамна ги поминале границите на неговата земја и како да не постои пејач со кого овој музичар не соработувал- Здравко Чолиќ, Жељко Бебек, Мишо Ковач, Нина Бадриќ, Црвена јабука,Калиопи, Масимо, Тони Цетински, Нови Фосили.., и секако Тоше Проески. Албумот „Игри без граници“…