Фолк пејачката Зуица Лазова заедно со група музичари утрово замина за Торонто, Канада, каде ќе одржи концерт по повод големиот празник „Илинден“. Во екипата музичари се Милан Завков, потоа Иле и Аце од групата „Маестро“, Филип Нуне, Љупчо Соколовски и Бојан.
-Идејата беше да замине екипа на „Зајди, зајди“ но не може дел од оркестарот, па така направивме нова екипа од врвни музичари. Одиме само за еден концерт, кој пак, е многу важен не само за сите нас овде, туку и за нашите во дијаспората. Концертот ќе биде на шести бидејќи и во Канада е празник, па нашите тогаш сакаат да го прослават „Илинден“, вели Милан Завков.
Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Климент Охридски“, бидејќи македонското друштво, кое го носи истото име е организатор .
