Нашиот интернационален модел Ивана Манас блесна во најновиот број на престижниот моден магазин Vanity Fair, во модниот едиторијал наречен Reality Show.
Во комплетен стајлинг на Louis Vuitton нашата гордост позираше пред објективот на фотографот Алберто Зенети. Инаку, Ивана беше три месеци во Милано каде работеше на многу проекти за кои допрва ќе слушнеме, велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.
„Во моментов е во Португалија каде работи на друг ангажман, но набргу треба да лета повторно за Милано, за да стигне за Миланската Модна Недела. Манас го живее својот сон, а ние сме тука да ја бодриме и да се радуваме на нејзините фантастични успеси- додаваат од Моделс ИН.