Игор Пачемски ја потпишува „Алиса во Еко Земјата на Чудата“ за „Noblesse Oblige“

„Noblesse Oblige“ e специјализиран бренд за долна облека оформен од дизајнерот на култната лондонска луксузна марка „Yes Master“ Игор Пачемски кој се стекна со застапништво во Велика Британија од агенциите на Philippa Bradley и BBY од Токио. Најновата , тукушто лансирана 15-та по ред колекција од овој бренд за сезоната пролет/лето 2022 е насловена како „Алиса во Еко Земјата на Чудата“ и како искучителен престиж во овој сегмент на модниот пазар ќе биде презентирана во Париз на Exposed саемот на Riviera како еден од 40-те селектирани брендови кои за прв пат во историјата ќе бидат преместени од саемот за долна облека во саемот за мода.


Во наменски изготвениот едиторијал, колекцијата ја пренесува познатата приказна со нагласок на одржливоста. Дел чајанката на Лудиот Шапкар, дел Лето на љубовта, колекцијата замислува одмор на брегот на локалното езеро при скусено ниво на јаглерод диоксид и зголемена возбуда предизвикана од добро локално вино, крваво портокалови зајдисонца и психоделични ноќни неба. Колекцијата ја достигнува новата мантра на брендот: наследство, органско, одржливо, рециклирано, преку користење на Tana Lawn принтови од култниот Liberty на кои има калеидоскопски пеперутки, Боуви-ескни небесни paisley од 70тите и розите на шаховска позадина карактеристични за брендот, искомбинирани со органски тантели во комплементарни бои и рециклирана спортска облека. Останувајќи верен на позитивниот став кон телото и филозофија на вклучување и прифаќање во корените, колекцијата е навистина специјален подарок за секоја жена и нуди врвен, исклучителени оргинален дизајн по кој Пачемски е препознатлив на интернационалната модна сцена.

Иако без сомнение, Игор Пачемски е најзначајниот и најквалитетниот македонски дизајнер на долна облека во светски рамки во овој момент, со непроценливо дваеесет годишно искуство во глобалната индустрија на моден дизајн, неговото име сепак не е доволно препознено во локални рамки од едноставна причина што својата исклучителна кариера ја започнува и развива надвор од својата родна земја.
Дизајнерот Игор Пачемски, Основач на брендот „Yes Master Lingerie“, родум од Македонија, со долгогодишно седиште во Лондон и дестинации како Њујорк и Софија , исто како и неговите модели има необична приватна и професионална приказна . Иако првично насочен да биде научник и истражувач оформувајќи го своето образование во Англија студирајќи квантна хемија, љубовта кон дизајнирањето на долна облека ја открива во периодот додека работи во „Coco de Mer“. Својата наклонетост кон модата и желбата да егзистира од неа ја реализира со основањето на брендот „Yes Master Lingerie“ во 2005година. Првата колекција си го наоѓа патот до „Henry Bendel“ во Њујорк. Во годините кои следат продажните места се шират на три континенти.

За жал оваа понуда во моменов ја нема на домашниот пазар но плановите се во најскоро време и македонската жена да може да ужива во овие посебни парчиња креирани за софистицирани индивидуи со доволно интелект да го разберат суптилниот хумор на овој дизајнерски потпис. Префинетоста на материјалите со врвен квалитет исто така ги издвојува од мноштвото. А за да им се радува и ужива во овие модели жената не мора да е конвенционално идеално градена. Едноставно треба да е своја.

Дизајн: Игор Пачемски
Колекција: Noblesse Oblige X Liberty
Продукција: Анастасија Богдановска/Живко Лозанов
Арт директор: Анастасија Богдановска
Стилист: Снежана Богдановска-Сани
Шминка: Ива Петковска
Фризура: Ирена Сенокозлиоска
Модел: Андреј Пајмаковски
Моделка: Сара Дамчевска
Фото: Александра Костадиновска
Локација: Вила Елен Камен

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!