Изгор лето. Совети за преживување

Главоболка, умор, намалена концентрација, забавени реакции, раздразливост…Доколку ги имате овие симптоми, бидете сигурни дека ви недостасува вода, а топлото време, поради потењето, бара повеќе течности, два до три литри дневно.
Освен со вода, ќе се разладите и со сок од домати и моркови и ќе ги надоместите загубените минерали, а лесната исхрана ќе ви овозможи енергија и сила.
– Елагинската киселина е антиоксиданс што го има во капини, малини, боровинки е совршен чувар од УВ-зрачење.
-Пченката е сиромашна со калории и маснотии, а има многу влакна што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.


– Црешите ги намалуваат хроничните воспаленија и артритисот.
– Лубеницата содржи многу антиоксиданси, вклучувајќи и ликопен, кој заштитува од рак на простата и го намалува крвниот притисок.
– Антиоксидансите во зелениот чај се поврзуваат со намалување на срцевите заболувања.
– Кељ е еден од најздравите видови зеленчук, заштитува од рак, има калциум, магнезиум, бројни витамини, а најмногу А и Ц.

Фото: Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!