Изложба. FLUX IDENTITY во Чивте амам од 10 до 26 февруари

Во среда (10 февруари) па се до 26 февруари во објектот Чифте амам се отвара изложбата FLUX IDENTITY, поврзана со современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од Република Северна Македонија.
По една година одложување на меѓународните проекти заради состојбата со пандемијата на Ковид 19, годинешната програма на Националната галерија започнува токму со оваа меѓународна изложба.
На изложбата FLUX IDENTITY, динамичен дијалог на тема идентитет и неговата разновидност водат уметници од Канада: Two Gullivers (Бесник и Флутура Хаџилари), Милутин Губаш, Сандра Брустер, Весна Перунович, Коко Гузман, Боја Васиќ, Стјуарт Рид, Садко Хаџихасановиќ и од Република Северна Македонија: Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Роберт Јанкулоски, Дијана Томиќ Радевска, Велимир Жерновски, Шќипе Мехмети.
Авторот на проектот и куратор е Светлана Младенов од „Визарт“ – Нови Сад, стручна соработка на проектот е на Весна Перуновиќ, а кустос-соработник од Националната галерија е Ана Франговска.

7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!