16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Илина Соколовска прогласена за принцеза на Украина

Македонката Илина Соколовска (11) пред неколку дена беше прогласена за принцеза на Украина. Таа на интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика, што се одржа во Харков, го освои првото место и освои златен медал. Ова е нејзин прв интернационален натпревар по ритмичка гимнастика, откако ги освои сите титули во Германија, каде што живее со семејството.

-Се натпреварував со деца од 12 години, тоа генерациски значи една класа поголеми од мене. Но, јас и во Германија и таму се натпреварував со поголеми деца, бидејки, како што вели тренерот, јас одамна ги имам совладано сите техники и умешност за помала група. Така беше и сега во Украина. Пресрекна сум, ова е мој прв интернационален натпревар надвор од Германија и конкуренцијата беше голема. Но, едноставно беше мој ден. Се ми тргна од рака и ги победив. Иако Украинките и Русинките се перфектни, бидејки, сепак, ова е нивен спорт. Ама судиите беа фер, иако јас доаѓав од друга држава, тоа не влијаеше врз нивните одлуки. Беа професионалци. А мислам и дека малку се преценија, не очекуваа дека ќе изгубат, дека ќе се случи јас како странец да дојдам и да победам. Ова е традиционален и голем натпревар. Се натпреваруваат само деца кои освоиле првенства во своите држави и јас како освојувач на титули во Германија заминав, победив и ме прогласија за „Принцеза на гимнастиката“. Оти така им се вика првото место. Јас сум задоволна и од организацијата. Искрено многу беа љубезни, ме пречекаа како свое дете. Ептен сум задоволна од се што доживеав таму, вели среќно Илина.

Откако ќе ги собере впечатоците од Украина и откако ќе заврши училишната година Илина со семејството ќе дојде во Македонија, каде ќе го помине летниот распуст. Но, и кога е во Македонија на летен распуст, не мирува.
-Секое лето доаѓам во Македонија. Додека сум во Скопје јас тренирам постојано. Веќе четири години тренирам со балерината Мила Ниновска. Морам постојано да ја одржувам кондицијата а во тоа многу ми помага Нина. А кога сум во Германија, се подразбира, секој ден по четири часа тренирам. И јас и сестра ми Ева, која исто така спортува гимнастика и освојува награди, вели Илина.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена