11.8 C
Skopje
понеделник, јуни 16, 2025
spot_img

Испробано.Вкусни мини лајбици со путер и млеко

Еден свеж квасец се меша со 500 мл млако млеко, 2 лажици брашно и 1 лажиче шеќер. Кога ќе се активира, се додава 1 павлака, (може и филџан јогурт), 2 лажици путер и 2 белки.

Се меша убаво и се додаваат 2 рамни лажици сол и брашно и се замесува меко тесто. Се остава да стаса.
Од стасаното тесто кое уште еднаш се премесува, се формираат тркалца кои се премачкуваат со жолчки и се посипуваат со семки од лен, сусам, мак…Стасуваат уште 10 минути, додека се загрее рерната, и потоа се печат додека не добијат златеста боја.

Рецепт:  Chef Маре Јаневска

Фото: Вања Тодоровска, приватна архива

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена