Како да ги украсите јајцата?

 

Пред варење и пред ставање во боја, јајцата може да се завиткаат со некое ливче или со тревка во најлон-чорапи, да се врзат цврсто, така јајцата изгледаат многу убаво.

– пред варењето, јајцата може да се ишараат со жива жолчка. Употребете тенка четкичка или стапче.Јајцата веднаш спуштете ги во водата за да не се расипат деталите. Може да нацртате нешто интересно или да напишете порака на која ќе има и име

– јајцата може да ги ишарате и ако им ставите неколку ластичиња за тегли. Потоа обојте ги со стандардна техника, а таму каде што биле гумичките ќе остане природната боја на јајцето

– за декорирање може да послужи и лепило (правете шари со лепилото), а кога ќе се сварат јајцата, само излупете го лепилото

– може да боите со маслени или со темперни бои

– искористете бисери, мониста… Со лепило и фантазија сами креирајте различни шари.

Вапсување со природни бои

– најдобра природна боја се лушпите од кромид. Ставете ја водата да зоврие, а јајцата врзете ги со лушпите и добро стегнете, па спуштете ги во водата. Со оваа техника секое јајце излегува поинакво, шарите се неправилни, со неодредена форма

– јајцата завиткани во лушпи од кромид може да ги ставите и во вода со боја од ќесичка. Ќе добиете многу убави шари и нијанси

– ако сакате жолта боја, користете коприва. Ставете ги копривите во боја, веднаш додајте ги јајцата и кога ќе зоврие водата, варете најмногу пет минути

– јајцата се убави и кога ќе се завиткаат во лушпи од кромид и ќе се стават во коприви

– обидете се да ги вапсате и со боровинки или со вишни.

Цветови од лушпи на јајца

Вапсајте ги однадвор половинките од лушпите, а однатре со друга акрилна боја. Кога ќе се исуши бојата, нацртајте цвеќиња и обојте ги со црн фломастер. На долниот дел од лушпата направете дупче. Преку пластично цевче протнете жичка. Разресете го врвот од цевчето и со лепило прицврстете го за јајцето, а жицата од цевчето протнете ја низ дупчето. Од врвот извадете врвца и наберете ја со игла и конец, така што кога ќе се заврзат краевите на конецот да добиете круг. Исечете врвки од креп-хартија, заврзете ги, а потоа залепете.

Фарбање со цвекло

– При вапсувањето употребете цвекло. Исечете го ситно, ставете вода и неколку лажици оцет. Ставете ги јајцата во садот и варете од 20 до 25 минути. Кога ќе бидат готови, добро е да стојат во водата уште малку за да бидат поцврсти. На истиот начин може да употребите и кромид со црвена и со жолта лушпа. Јајцата ќе бидат сини.

Фото-Pexels

 

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени