Колач со боровинки и лаванда

Потребно е: 2 филџана сенаменско брашно, прашок за печиво, малку сол, 2 парчиња путер, 1 ½ филџан шеќер, 3 јајца, изрендан лимон, ванила и половина филџан млеко.

Убаво намачкајте го тавчето со путер и попрскајте го со брашно, да е готово додека го правите тестото.
Извешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Изматете ги путерот и шеќерот во голем сад, додека не се спои смесата и стане крем. Додавајте едно по едно јајце, убаво матејќи ги по секое додавање, потоа измешајте ги лимунот и ванилата. Најпосле, додадете ја мешавината од млекото и брашно и мешајте се` додека не се соедини смесата. Истурете го тестото во тавчето за печење и печете додека не стане златно. Ладете го колачот во тавчето на решетката околу 30 минути, потоа извадете го и целосно изладете го.

Подготовка на сирупот
Зовријте ги водата и шеќерот во мало тенџере, мешајќи додека шеќерот не се растопи. Додадете ја лавандата, (сушената лаванда да стои во вода 30 минути, или 40 минути за свежата лаванда). Исцедете го сирупот и додадете  сок од боровинки и сега целиот сируп полека истурете го врз колачот. Доколку имате модли, истата смеса ставајте ја во нив, колачињата ќе бидат уште поинтересни.

Фото: Pexels, Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!