Авалон продукција го одложува Ohrid calling festival за 2021 година: локацијата е иста- касарнта во Охрид а се знае и точниот термин – од 30 јули до 1 август.
Ви го пренесуваме соопштението во целост.
Со огромно жалење ве информираме дека иако Комисијата за заразни болеsти во земјава дозволи да се одржуваат јавни open-air настани со 50% намалени капацитети, земајќи ја предвид масовноста на публиката, фестивалот и воопшто, неговиот концепт, одлучивме OHRID CALLING да го одложиме за следната година.
Сепак, периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на OHRID CALLING ќе биде ТРИ дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид.
Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година- обединети!
Дотогаш, подготвувајте се за OHRID CALLING 2021 и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание на вашиот омилен фестивал!
А, кога зборуваме за културата и музиката во Македонија… ние сме секогаш тука да го пронајдеме лекот!
Коментарите се затворени