На втората и последната ПРЕСС конференција на групата „Меморија“ која се одржа на терасата на скопскиот хотел „Парк – 4“, беа соопштени сите детали за концертениот спектакал под отворено небо, кој ќе се одржи на 11. јуни на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје.
Замислен како голема заедничка „рок ен рол матурска забава на генарациите“, на ПРЕСС конференцијата беше соопштена конечната програма, која ќе се одвива пред почетокот и за време на концертот, а со тоа беа највени и специјалните гости и нивните изведби.
По официјалното отворање на пресот, лидерот на бендот Петар Георгиевски-Камиказа обзнани дека за прв пат на еден концерт во Македонија се подготвува посебна трибина, односно платформа за лицата со телесни инвалидитети и попречености, за да можат и тие на достоен начин оод потребното ниво да го следат концертот. Потег што беше поздравен од претставниците на „седмата сила“, а реализацијата на целата иницијатива покрај членовите на бендот, односно организаторот, ја презема здружението „Мобилност“, чии преставници се заблагодарија на идејата и иницијативата.
Георгиевски нагласи дека овој пат зад концертот на бендот застанале неколку значајни општествено одговорни фирми, па набројувајќи ги и заблагодарувајќи им се на спонзорите, рече дека сега се чувствуваат многу „покомотни“ зашто трошоците за еден ваков спектакл се големи и тешко можат да се покријат без поддршка од спонзорите. Токму затоа членовите на бендот изјавија дека опуштено работат и ги увежбуваат последните детали на пробите, на кои присуствуаат и специјалните гости.
Заедничката „рок ен рол матура“ на „Меморија“ ќе ја отвори младата група „2ВЕ“ која како предгрупа за загревање ќе свири познати македонски рок хитови. не аќе и се придружи и повратникот од Америка, некогаш многу популарниот Ламбе Алабакоски кој се врати да живее во родната Македонија, а со тоа и на музичката сцена.
Специјалните гости кои беа најавени ќе бидат распоредени во одреден дел на шоуто, а тие со своите настапи ќе ја збогатат програмата и разиграат музичкиот колорит на концертот изведувајќи ги своите најголеми хитови.
Групата „Морал“ како едени од специјалните гости, ќе отпатува назад во времето за публиката да ја потсети на некој од нивните најгиолеми хитови. Секако, во спомен на некогашниот нивни вокал, прерано заминатиот Влатко Илиевски, чии вокални делници за оваа прилика ќе ги преземе Ристо Самарџиев.
„Конкорд“ беа и останаа македонска рок историја, а „Високи штикли и црни чорапи“, е песна која остана рок евергрин што се свири и пее и денес на секоја клубска рок свирка. Венко Серафимов, лидерот и гитарист на култниот рок бенд заедно со членовите на „Меморија“ веќње е на пробите, а пејачот на „Конкорд“, Сеад Јакупи, кој со години живее и работи во Германија преку видео порака го најави своето доаѓање во Македонија
„Некст тајм“ се деца од најновата рок генерација иако и тие веќе доволно долго се на сцената. Близнаците Стефан и Мартин Филиповски како дел од големиот рок спектакл под отворено небо, со својата изведба на една од нивните феноменални фолклорни преработки на македонски изворни песни, таа вечер ќе го вдахнат одново патриотскиот дух кај публиката, за уште повеќе да го разгорат оној „Оган под ѕвездите“ што „Меморија“ го запали пред речиси 33 години.
„Ласт Експдишн“ беа своевремено предгрупа на првиот концерт на „Меморија“ во тогашниот Дом на млади „25 Мај“, денешен МКЦ во Скопје. Подоцна прераснаа во висински рок ен рол магови на македонската сцена, за денес со триесет и кусур годишна кариера да се култен бенд. Браќата Енко и Сецко Хаџиќ – вистински рок „шефови“, кои на рок спектаклот на „Меморија“ ќе ја потсетат повозрасната публика на тие денови, за помладите да видат дека она што било вредност некогаш, останува – засекогаш!
Конечно, големата „рок ен рол матура на генерациите“, како и секоја матура, не може да мине без блех музика. Затоа како изненадување за присутните новинари, на денешниот ПРЕСС се појави дувачкиот оркестар „Весела дружина“ кој заедно со Ристо Самарџиев го изведоа еден од најголемите хитови на „Меморија“, песната „Дирлада“… И тоа само како мала најава за она што треба на 11 јуни да биде концертна кулминација.
Коментарите се затворени