По повод 35 годишната кариера, Наум Петрески и продуцентската куќа АВАРД Промотион, во месец август ќе го промовираат новото издание „Најдоброто од Наум“, што ќе содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертната промоција во Битола (4 август- Хераклеа), Охрид (8 август- Долни Сарај) и во Скопје..
Ова е фантастична можност илјадниците фанови на Наум заедно со него на сцена, во живо да ги запеат сега веќе легендарните хитови: ”Има ли песна”, “Жал за Деспина”, “Оди Ѕвездо“…, а гости за неговиот јубилеј се многуте пријатели од естрадата, пејачи, актери…
Овој проект има вистинска вредност и уметничка тежина кои се од големо значење за одржување на македонската народна музика, кое ни го оставија доајените на македонската народна песна- Никола Бадев и Александар Сариевски. Нивната антологиска трага гордо и достоинствено продолжува со живата легенда и еден од најквалитетните пејачи на Балканот, Наум Петрески, глас кој никого не оставил рамнодушен.
Како круна на неговата успешна 35 – годишна кариера на македонската и балканска естрада ќе се случи и оваа јубилејна турнеја, сребрен јубилеј со златни песни.
Се гледаме во Битола, Охрид и Скопје.
Автор
Сите Објави
Коментарите се затворени