После концертот на Амира Медуњанин, Авалон продукција го најавува вториот проект во Античкиот театар во Охрид. На 15-ти август ќе настапи Дарко Рундек со својата екипа којшто конечно ќе има концерт на вистинското место како што заслужува.
Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум „Брисани простор“ со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.
Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.