20.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Копров со песна на фестивалот „Сплит 2023“

Утре вечер, 30 јуни, на престижниот, можеби најдобриот фестивал од екс- ју простори, Сплитскиот фестивал, талентираниот Теди Грубица ќе ја испее „Сунце и ја“, композиција што ја потпишува Григор Копров, по текст на Роберт Пилепиќ и со аранжман на Владимир Дојчиновски.
На овој престижен фестивал, кој остави сериозна трага во забавната музика, во сите негови плими и осеки, настапуваа и победуваа најголемите имиња: Тереза, Оливер, Џибони, Дино Дворник, Љупка Димитровска, Маја Оџаклиевска, Мики Јевремовиќ, Мери Цетињиќ.., а Коров се натпреварувал со седум композиции од кои публиката и денес ја памети „Да море зна“, што во 1986 година ја изведе Калиопи.
Ете, некои песни ги надживуваат своите години.
Инаку, оваа година и идејниот творец на „Охрид фест“, Григор Копров го има својот јубилеј- 50 години професионална кариера.
Во годината на јубилеи, неколку претставника од 63-тото издание на Сплитскиот фестивалот ќе настапат на „Охрид фест“.
Како што рече организаторот, 30-тото издание на фестивалот ќе значи и збратимување и соработка со најдобрите музички фестивали.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена