Костени за бубрези и срце

Бидејќи е богат со калиум а сиромашен со натриум , костенот се препорачува во исхраната на болни од бубрези и оние со кардиоваскуларни проблеми.
Иако плодот од костен е многу хранлив, тешко се вари. Во 100 гр. сиров костен се наоѓаат 2 гр. масти, 8 гр. диетални влакна, 2 гр. протеини и 45 гр. јагленихидрати. Од минерали, најзастапени се натриумот и калиумот а од витамините Ц и Б12.
Костенот исто така содржи минерали, витамини од Б групата, витамин А и Ц. Од минералите, богат е со калиум и фосфор а содржи и калциум, магнезиум, сулфур, хлор, железо , бакар и манган. Бидејќи е богат со калиум а сиромашен со натриум се препорачува во исхраната на болните бубрежни пациенти и за луѓето со кардиоваскуларни проблеми.
Печените или варените костени се многу омилено и вкусно јадење, имаат голема енергетска вредност, поголема количина на белковини, масти, витамини и двапати повеќе јагленихидрати.
Исто така костенот содржи и витамин Е и фитохемикалии .

фото- pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!