6.8 C
Skopje
понеделник, март 24, 2025
spot_img

Куп награди за Гастромак на Меѓународниот натпревар „Бисер мора“ на Брач

Уште една убава вест од Гастромак: на меѓународниот натпревар „Бисер мора“ на островот Брач во Хрватска, во неговото 18-то издание, се врати со куп награди, дипломи и признанија со што нашата земја станува се подоминантна на балканската гастронска мапа.
Имено, тимот од СОУ „Наум Наумовски-Борче“-Крушево, учениците Зорица Смилеска, Ирина Цикуроска и Филип Јованоски под менторство на професорите Љупчо Крстевски и Оливера Карева Скола постигнаа одлични резултати во следните категории:
Индивидуално натпреварување во подготовка на пилешко месо
Ученик: Филип Јованоски-освоено 1 место и најдобро подготвено јадење
Ученик: Зорица Смилеска-освоено 2 место во подготовка на пилешко месо
Ментор:Проф. Оливера Карева Скола

Во категорија- послужување на риба и бело вино, под менторство на професорот Љупчо Крстевски, се натпреваруваше Ирина Цикуроска која освои 2 место, додека 3-то место го освои во уште една категорија: подготовка на татар бифтек и послужување црвено вино.

Оваа година беше посебна бидејќи за прв пат се одржа мастер клас во подготовка и презентација на најдоброто и најавтентичното: македонски традиционален ајвар и крушевски пити, во чиј вкус уживаа и присутните и натпреварувачите и судиите.

Што се однесува до останатите наградени, Влатко Алексоски во категоријата “карвинг”немаше конкуренција и доби злато, додека Виктор Радевски од Етно село Тимчевски освои два сребрени медали во категоријата ,, келнер” со послужување на вино, подготовка на тартар бифтек и филетирање на риба.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена