За себе оваа убавица вели дека е „мултитаскинг девојка“, се прави во од, брзо ефикасно и- се и е песна. Се занимава со манекенство, работи како советник во Ј.П Депонија Дрисла и сонува за големо семејство.
Најактуелен и најважен и е ангажманот Избор за мис „Mister and Miss Model of Tourism World“, што ќе се случува во Јамајка, но поради состојбата со пандемијата на глобално ниво, спектаклот ќе оди- онлајн. И доколку помисливте дека Билјана е опседната со својот изглед и дека целата работа и е поврзана со надворешноста, се лажете. Како што спомнав погоре, таа е магистер по Управување со отпад и работи во Ј.П Депонија Дрисла каде работи како Советник за подготовка и спроведување на развојни проекти. Уште еден доказ дека убавината не го исклучува умот.
– Сега и како деловна жена имам премногу обврски и не сакам работата да ми трпи, вели Билјана, додавајќи дека поддршката на фирмата и е голем адут.
„Инаку, радосна сум, чест ми е што ја претставувам нашата држава на Избор за мис во Јамајка, Mr & Miss Model of Tourism World, што е од виртуелен карактер а на него учествуваат повеќе земји од светот меѓу кои Пакистан, Бангладеш, Гвајана, Јамајка… По втор пат учествувам на ваков настан: минатата година ја претставував државата виртуелно во Малезија и бевме на 15- то место од вкупно 31 земји
учеснички. Од мојата модна агенција Пантер Моделс имам неизмерна поддршка.
Како се подготвувам за настанот и кои ми се обврските? Имавме 30 дневен предизвик, снимавме промотивни видеа во Охрид со Зебра Продукција а јас носев креации од модната креаторка Јасмина Дракул. Првиот ден со дрон и со малку среќа фативме убави кадри од Свети Наум но, подоцна заврна па се прилагодивме на времето. На промо- видеото го имав на себе и охридскиот бисер Талеви.
Беше напорно, но резултатите се воодушевувачки. Бидејки е виртуелно шоу, организаторите бараа да продефилираме со костим за капење, со народна носија и со вечерна тоалета. Беше прекрасно што може да се види на големото финале, закажано за 26- ти јуни.
Од настанот очекувам победа, пред се затоа што нашата земја изобилува со убавини што се мамка за туристи, и сакам мојата конкуренција да ја предизвикам да дојде и да ја посети Македонија. Ретко во животот ви се пружа втора шанса.
Јас ја имам таа чест, одиме со најпозитивен став и се надеваме на најдоброто.“
В.Т.