14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Македонскиот фолклор во најдолгото оро за Гинис


Членовите на Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Битола
, како учесници на Фолклоријадата во УфA, Русија, беа дел од најдолгото оро заиграно досега низ светот.
2700 учесници од 37 земји од светот и припадници на 71 различна националност беа дел од ова оро. Со овие бројки на учесници беа соборени два гинисови рекорди. Едниот рекорд е по број на националности кои играа на орото, а другиот по број на држави. Оваа бројка од 37 земји кои активно учествуваа, се искачи на 57, бидејќи се приклучија и туристи од други држави кои го следеа фестивалот.

КУД ,,Илинден“ имаше и настап во официјалната програма на главната фестивалска сцена на оваа светска Фолклоријада, шеста по ред која годинава се одржува во Русија. Големиот фолклорен фестивал се одржува од 4 до 11 јули во Република Башкоростан. Единствен претставник од Македонија е фолклорниот ансамбл од Битола кој постои скоро седум децении и го афирмира македонскиот фолклор и традиција на бројни фолклорни фестивали ширум светот.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена