5.8 C
Skopje
вторник, февруари 18, 2025
spot_img

„Меморија“ пред голем скопски концерт со нова песна, „патриотска стадионска химна“ – „Мој народе“

Пред големиот скопски концерт кој легендараната „Меморија“ веќе наголемо го најавува на 16-ти ноември годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови во живо, но и промовирани новите песни, групата го издаде и третиот сингл, како дел од материјалот кој ќе го комплетира албумот кој е во најава.
Новите песни излегуваат една по една во етерот, па така по рок баладата „За тебе“ и рок ен рол медлито со патриотски рефрени кое се појави под името „Македонски бисери“, еве уште едно ново парче музика, кое во себе има патриотска содржина, но за разлика од обработките, е целосно ново авторско дело.
Новата песна носи наслов „Мој народе“ и во себе го има вткаено националното чувство, чувството за припадност на еден народ, желбата да се биде свој, а сепак дел од современиот свет… При тоа да не се заборават минатото и крваво стекнатата слобода, а со љубов и песна да се гради иднината… И сето тоа спакувано во стихови и музика која се одликува со рефрен кој наликува на „патротска стадионска химна“, која од срце и со полна душа се пее со високо кренати раце дланка во дланка, од илјадници грла и во еден глас… За тебе, за мене, за сите нас… „Мој народе“!
Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а истата е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со Давор Јордановски се и продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена