5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Мис Евроазија 2021. Нашата Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Мис на Евроазија 2021, на кој нашата претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички. Ева е од Тетово, има 17 години и е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина.
Таа исто така имаше забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка. На финалето нашата Ева носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработи студиото Краљевски.
Изборот се одржа во прекрасниот хотел Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 40-те финалистки на Мис Евроазија 2021.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена